Дома Фудбал Англија Манчестер Сити не отпатува во Кина

Манчестер Сити не отпатува во Кина

0

Манчестер Сити не отпатува на припреми во Кина во планираниот термин, известуваат островските медиуми.

Тргнувањето за шангај е пролонгирано за 24 часа поради неочекувани административни проблеми што доведе до откажување на приватниот лет закажан за сабота.

Некои од членовите и играчите на клубот вчера пристигнале на аеродромот во Манчестер каде им било соопштено дека постојат некои проблеми и летот закажан за во 18:30 часот бил откажан.

Англискиот првак соопшти дека се работи за проблем на кој клубот нема контрола и Граѓаните турнејата ќе ја започнат малку покасно од планираното.

Сити во среда игра против Вест Хем, а победникот од овој дуел подоцна ќе ги одмери силите со подобриот од натпреварот Њукасл – Волвс.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Азар им одговори на оние кои тврдат дека е дебел (ВИДЕО)

Белгиецот Еден Азар кој ова лето пристигна во Реал не можеше да дебитира во Ла Лига поради…