Дома Фудбал Англија Манчестер Сити не го дава „бисерот“: Фоден на „Етихад“ до 2024!

Манчестер Сити не го дава „бисерот“: Фоден на „Етихад“ до 2024!

Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Фил Фоден стави потпис на нов 5 и пол годишен договор и ја продолжи верноста со „граѓаните“ до 2024 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


18-годишниот Фоден потпиша нов договор со кој се обврза на верност кон Манчестер Сити до 2024 година.

Фоден важи за еден од најталентираните англиски фудбалери, а до сега во Премиер лигата запиша 13 настапи за Манчестер Сити, но секој пат влегуваше од клупата.

Дебитираше за првиот тим во ноември 2017 година против Феенорд и така стана четвртиот најмлад Англичанец кој заиграл во Лигата на шампиони.

„Фил Фоден потпиша нов договор на пет и пол години и во клубот ќе биде до 2024 година“, соопштија од „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Катар најде начин да има навивачи – си купува! (Фото)

Пред првиот натпревар на Катар на Светското првенство, што се игра вечерва во 21 часот про…