Дома Трансфер зона Манчестер Сити купи перуански талент

Манчестер Сити купи перуански талент

Манчестер Сити обезбеди засиливање за иднината, а станува збор за 16-годишен дефанзивец од Перу.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Граѓаните“ за овој талент му платија на Алианса Лима, Клајверт Агилар 2,5 милиони евра, но играчот ќе остане во Перу додека не наполни 18 години.

Неговиот актуелен клуб ќе добие и процент од следната продажба на десниот бек.

„Ова е огромен чекор во мојата кариера. Се радувам што ме забележа толку голем клуб. Сакам во иднина да бидам важен дел од тимот“, истакна Агилар.

Агилар дебитира за Алианса само пред пет месеци и ќе продолжи да го носи дресот на тој клуб до мај 2021 година, кога ќе биде полнолетен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…