Дома Фудбал Англија Манчестер Сити го потопи Барнли во четвртото коло од ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити го потопи Барнли во четвртото коло од ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити лесно се пласираше во осминафиналето на ФА Купот откако денес на „Итихад“ го совлада Барнли со 5:0.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Без поголеми проблеми тимот на Пеп Гвардиола стигна до победа, а „граѓаните“ постигнаа пет погодоци.

Натпреварот го отворија во 23-тата минута. Погоди Габриел Жесус, тоа беше и резултатот со кој се замина на полувреме.

Второто полувреме донесе катастрофа за гостите. Бернардо Силва во 53-тата минута зголемува на 2:0, за осум минути подоцна Де Брујн да се запише во листата на стрелци.

Лонг со автогол зголеми на 4:0 во 73-тата минута, за точка на убедливата победа да стави Серхио Агуеро со голот од пенал во 85-тата минута од натпреварот.

ФА Куп 4-то коло (се игра втор натпревар во случај на реми)

Манчестер Сити – Барнли 5:0

Брајтон – ВБА 0:0

Донкастер – Олдам 2:1

Миделсброу – Њупорт 1:1

Њукасл – Вотфорд 0:2

Портсмунт – Квинс Парк Ренџерс 1:1

Шерсбери – Волвес 2:2

Свонси – Гилингам 4:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола ја сака ѕвездата на Барселона, се знае кој играч го понудил во замена и тоа не случајно!

Летниот трансфер период сигурно ќе биде исклучително возбудлив, а веќе започнаа надметувањ…