Дома Топ вести Манчестер Сити го „краде“ Фернандеш пред носот на Јунајтед

Манчестер Сити го „краде“ Фернандеш пред носот на Јунајтед

Манчестер Сити ќе се обиде да во последен момент да го „украде“ Бруно Фернандеш пред носот на градскиот ривал Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.

Фернандеш се договори со „црвените ѓаволи“ и беше пред трансфер на „Олд Трафорд“, но Јунајтед не може да најде заеднички јазик со Спортинг Лисабон околу обештетувањето.

Таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Сити и да ја плати сумата која ја бара Спортинг, 55 милиони фунти веднаш и 15 милиони преку бонуси.

Јунајтед не е спремен да плати толкава сума, па поради тоа трансферот е на „стенд-бај“, но „граѓаните“ се спремни да го украдат играчот пред градскиот ривал.

Интересно, Сити е спремен да го купи Фернандеш веднаш и да го остави до крајот на сезоната под наем во Спортинг, нешто што многу повеќе му одговара на португалскиот клуб.

Гвардиола смета дека Португалецот ќе биде идеална замена за Давид Силва, кој на лето ќе го напушти Манчестер Сити.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал не кажал „не“, но поставил астрономска цена за Валверде

Уругвајскиот играч за врска Фредерико Валверде беше една од поретките светли точки во Реал…