Дома Фудбал Англија Манчестер Сити го добива судскиот спор и нема да биде казнет

Манчестер Сити го добива судскиот спор и нема да биде казнет

Англиските медиуми најавуваат дека Манчестер Сити најверојатно ќе го добие судскиот спор против Премиер лигата, кој се однесува на ограничењата кои лигата сака да ги постави во врска со спонзорските договори на најмоќните и најбогати клубови во Англија.

Сити би можеле да се соочат со историска казна ако ја изгубат оваа правна битка со Премиер Лигата, односно би биле исфрлени од елитата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лигата формираше комисија задолжена да ја испита реалната пазарна цена на спонзорството, а летово англиските медиуми дознаа дека Сити ја тужел лигата поради тоа, наведувајќи ја слободата на пазарот. Според последните информации Сити ќе го добие спорот.

Според некои извори, ова е можен сигнал дека вториот спор што го истражува евентуалното прекршување на финансискиот фер-плеј од страна на Сити ќе заврши позитивно за „граѓаните“. Според прописите на Премиер лигата, доколку Сити биде прогласен за виновен, клубот може дури и да испадне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…