Дома Видео Мане промаши пенал, па постигна два гола во победата на Сенегал против Кенија

Мане промаши пенал, па постигна два гола во победата на Сенегал против Кенија

0

Сенегал во натпревар од 3. коло во група Ц на Афричкиот куп на нации ја совлада Кенија со високи 3:0.

Пред почетокот на натпреварот Сенегал беше фаворит, а во текот на натпреварот покажа и зошто.

Во 22. минута М’баје ја имаше првата голема шанса, но голманот на Кенија со крајни напори успеа да го одбрани неговиот шут.

Седум минути подоцна Сенегал доби пенал, а Садио Мане ја зема топката и шутираше, но голманот и овој шут успеа да го одбрани.

Сенегал после тоа имаше уште неколку шанси, но резултатот до полувремето остана непроменет.

Продолжението донесе иста слика на теренот, Сенегал напаѓаше и во 63. минута конечно стигна до водство кога Исмаил Сар постигна гол за 1:0.

Во 71. минута Кенија изведе корнер, а играчите на Сенегал ја избија топката кон центарот каде се наоѓаше Садио Мане, кој истрча во контра и беше сигурен во завршницата за 2:0.

Мане седум минути подоцна беше прецизен од белата точка за конечни 3:0. Сенегал со победата успеа да избори пласман во следната рунда.

Во вториот натпревар во оваа група Алжир ја совлада Танзанија со 3:0 и со три победи го освои првото место во групата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Јувентус ги подели броевите, ја чува „деветката“ за…

Италијанскиот шампион Јувентус денес го објави списокот на играчи кои ќе патуваат на азиск…