Има малку фудбалери кои играле во четирити најсилни првенства во Европа, а со тоа ќе може да се пофали Бојан Кркиќ кој го комплетираше својот трансфер во Бундес лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кркиќ го напушти тимот на Стоук и во потрага по поголема минутажа се пресели во Мајнц, каде ќе биде на позајмица до крајот на сезоната. Притоа германскиот клуб ќе има можност на крајот на сезоната во целост да го откупи неговиот договор.
Со тоа шпанскиот интернационалец ќе заигра и во четвртото најквалитетно првенство во Европа, откако претходно настапуваше во Примера, Серија А и Премиер лигата.
Кркиќ потекнува од школата на Барселона каде играше и за првиот тим, потоа се пресели во Италија каде го носеше дресовите на Рома и Милан. Следуваше трансфер во Премиер лигата во тимот на Стоук, а сега ќе настапи и во Бундес лигата.