Дома Фудбал Малком: Тренинзите во Барса се само 40 минути

Малком: Тренинзите во Барса се само 40 минути

Бразилецот Малком помина само една сезона во Барселона и не воодушеви, па беше испратен на позајмица во Зенит.

Малком во Русија заработи тешка повреда, а за тоа ги обвинува методите и лесните тренинзи во Барселона.

„Тука се тренира двојно повеќе отколку во Барселона. На тренинг одиме двапати дневно, додека во Барселона тренинзите траеја по 40-50 минути на ден. Можеби и затоа почесто се повредував“, открива Малком.

„Од времето кога бев во Барселона носам убави спомени. Прво нешто на кое ќе се сетам е голот што му го дадов на Реал Мадрид. Вториот гол на кој со задоволство се сеќавам е кога против Интер во Лигата на шампиони влегов како резерва, а со првиот допир на топката успеав да погодам“, додава Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jувентус го враќа поранешниот голман

Полскиот чувар на мрежата, Камил Грабара, се соочува со раскинување на лигаментите на коле…