Дома Фудбал Малерот на Ливерпул продолжува, се повреди уште еден дефанзивец

Малерот на Ливерпул продолжува, се повреди уште еден дефанзивец

Уште еден дефанзивен фудбалер на Ливерпул се повреди, а станува збор за 19-годишниот Рис Вилијамс.

Вилијамс се пожалил на болки во бутниот мускул, па го напуштил кампот на младата англиска репрезентација.

Медиумите пренесуваат дека не станува збор за сериозна повреда, но играчот ќе се врати во клубот и ќе бидат направени детални прегледи.

Како што е познато, Ван Дајк и Џо Гомез се со тешки повреди и ќе паузираат неколку месеци. Повреден е и Фабињо, а под знак прашалник е и Робертсон.

Добрата вест за Клоп е што Матип е спремен за игра, па во следниот меч најверојатно негов партнер ќе биде Натаниел Филипс, кој не е пријавен во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само шест минути радост за Хал: Јакировиќ никако да стигне до победа

Хал направи пресврт против Ипсвич, но заврши со 2:2 и ја продолжи серијата без победа на о…