Дома Фудбал Малдини: Со Ибра останува да решиме уште некои детали

Малдини: Со Ибра останува да решиме уште некои детали

Директорот на Милан, Паоло Малдини ги израдува навивачите после денешниот натпревар против Парма соопштувајќи дека „росонерите“ се блиску до потпишување нов договор со Ибрахимовиќ.

Како што сега стојат работите Ибрахимовиќ ќе го гледаме во Милан и наредната сезона.

„Со Ибра сме блиску до договор, има само уште некои детали кои треба да се решат“, изјави Малдини.

Во овој момент Милан е второпласиран во Серија А зад Интер и е на добар пат да обезбеди настап во Лигата на шампионите наредната сезона што беше и примарна цел на клубот пред почетокот на оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул следи дефанзивец од 100 милиони евра, но неговиот сон е Реал

Лука Вушковиќ е на списокот на Ливерпул за следното лето. Брајтон го има под договор до 20…