Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонски талент на проба во германски Хофенхајм!

Македонски талент на проба во германски Хофенхајм!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Името на младиот талент Давид Петрушев за првпат во македонската спортска јавност се појави пред пет години, а сега ова момче на 14 години доби шанса да биде дел од една од најдобрите фудбалски академии во светот.

Тогаш како играч на Црвена Звезда во У11, кој цели 5 години го носеше дресот на Црвена Звезда со број 10, и беше прогласен за најперспективен фудбалер во генерацијата 2008 во конкуренција на најдобрите екипи на балканот: Црвена Звезда, Партизан, Динамо, Марибор и други.

Станува збор за играч за врска, креативен фудбалер кого го красат добри додавања и асистенции.

Во декември на покана на фудбалскиот клуб Хофенхејм од Германија помина две недели во академијата на Хофенхајм тренирајќи со У15 и У16 во истоимената академија.

Инаку Академијата на Хофенјам заедно со Академиите на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се смета за една од најдобрите академии во Германија и во Европа.

На последното Светско првенство дел од Германската Репрезентација беа играчите кои дел од нивниот развој го поминаа во Хофенхајм: Раум, Габри, Суле, и секако Крамариќ од Репрезентацијата на Хрватска.

Доказ дека Давид Петрушев ги оправдал високите очекувањата на Академијата на Хофенхајм е тоа што во следната полусезона повторно е поканет да тренира во нивната академија во У15 и У16.

Инаку Давид Петрушев е роден во Белград, има македонско и српско државјанство, а во изминатите години има добивано повик и за македонската и за српската репрезентација а за која репрезентација ќе се одлучи да игра во иднина ќе покаже времето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го претстави и третото засилување, две се од Охрид

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Вардар го потврди и …