Македонскиот каратист Емил Павлов ќе се бори за бронзениот медал на Европското првенство во Шпанија, меѓутоа нашата спортска јавност може да жали што тој не е во финалето во кое заслужи да биде.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Павлов во полуфиналето беше поразен од Евгени Плахутин. Во таа борба тој беше очигледно оштетен од судиите кои не видоа или не сакаа да видат еден негов удар кој ќе му донесе три бода и победа.
Каква грешка направија судиите најдобро покажува реакцијата на луѓето во таборот на Емил кои се фатија за глава.