Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија Ѓорче Петров се жали на недосуден пенал против Брегалница

Македонија Ѓорче Петров се жали на недосуден пенал против Брегалница


Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓


Македонија Ѓорче Петров викендов во рамките од четвртото коло во ПМФЛ претрпе минимален пораз од 1:0 во натпреварот против Брегалница.

Од Ѓорче сега објавија соопштение во кое се жалат за недосуден пенал на оваа средба. Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

„Во врска со вчерашниот натпревар и анализа на судиската организација, ние мораме да реагираме и да го искажеме нишиот став, а тоа дека судиската организација мора да биде реална и да ја признае својата грешката за која ние како клуб сме сигурни дека не е со намера да се наштети.

Правилото е јасно дека и линијата е составен дел од казнениот простор и направен прекршок на линија е пенал.

Не бараме алиби во судиски грешки и не се правдаме за лошата игра против ФК Брегалница“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Победа брзо го избра новиот тренер – Јане Николоски!

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ Екс-македонскиот голман, легендарнио…