Македонската репрезентација напредуваше за пет места на најновата ФИФА ранг листа и сега се наоѓа на 62-то место.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Триумфот над актуелниот европски шампион Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство очекувано донесе скок на ФИФА ранг листата.




На врвот на листата на ФИФА сега е Бразил пред Белгија, на третото место е Франција потоа следуваат Аргентина,Англија, Италија, Шпанија, Португалија, Мексико и Холандија.




Од нашите противници во Лигата на нации најдобар ранкинг има Бугарија која се наоѓа на 71-та позиција, Грузија е 86, а Гибралтар во моментов е на 203 место.