Дома Фудбал Македонија против Англија ќе игра на полн „Олд Трафорд“

Македонија против Англија ќе игра на полн „Олд Трафорд“

Maкедонската фудбалска репрезентација вчера беше поразена од Украина во Скопје, но Милевски и момците веќе со мислите се на следниот дуел, а тоа е гостувањето на Англија.

Натпреварот против „Гордиот Албион“ ќе го играме во понеделник од 20:45 часот на „Олд Трафорд“. Трибините на славниот стадион ќе бидат исполнети до последното место, објавија денес од англиската федерација.

Македонските фудбалери ќе се обидат да ја изненадат Англија пред 74.300 гледачи. Англија одлично ги стартуваше квалификациите и се лидери во нашата група.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …