Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија прими гол во финишот за реми со Молдавија🎥

Македонија прими гол во финишот за реми со Молдавија🎥

Македонската фудбалска репрезентација одигра 1-1 против Молдавија во пријателскиот меч кој се одигра во Анталија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Македонија одигра добро во првото полувреме и дојде до водство во судиското продолжение. Голот го постигна Бојан Миовски кој се најде на вистинското место откако голманот Раилеан ја одби топката која напаѓачот на Абердин ја смести во мрежата.

На почетокот од вториот дел шанса доби Митровски и Македонија продолжи со офанзивна игра и напади. Потоа следеа неколку замени и шанса добија неколку фудбалери, меѓу кои и дебитантот Ќемали.

Молдавија успеа да израмни на 1-1 во преку Дамаскан во 83-та минута, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…