Дома Македонски спорт Македонија освои злато во CS:GO на Светското првенство во Израел!

Македонија освои злато во CS:GO на Светското првенство во Израел!

Репрезентацијата на Македонија во CS:GO oсвои злато на Светското првенство кое се играше во Израел!

Откако денес со голем пресврт ја победивме Украина со 2:1 во мапи и обезбедивме место во големото финале, таму нашите момци одиграа одлично и не дозволија на Романците да се понадеваат на победа. Во финалето Романија ја добивме со 2:0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прво се играше на „Inferno“, Романија поведе со 6:3, меѓутоа се вративме и поведовме со 8:7. Сепак Романците направија пресврт и дојдоа до 10:9. Но, тука следуваше една серија на нашите момци од шест рунди, па поведовме со 1:0.

Втората мапа која се играше беше „Mirage“. Тука ние подобро отворивме и поведовме со 3:0, следуваа пет рунди за Романија (3:5). Од тој момент ние направивме серија со пет рунди и Романците веќе не се вратија во мечот, мапата ја добивме со 16:11.

Македонија од Израел се враќа со златен медал и парична награда од 10.000 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ѓоковиќ изненади со својата изјава до кога сака да игра

Новак Ѓоковиќ во последно време не игра во најдобра форма, но сепак српскиот тенисер не ра…