Дома Македонски спорт Македонија го положи тестот: ЕХФ додели специјални признанија за беспрекорната организација на ЕП

Македонија го положи тестот: ЕХФ додели специјални признанија за беспрекорната организација на ЕП


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Европската Ракометна Федерација на последниот ден од натпреварувањето во Скопје додели специјални признанија до Ракометната Федерација на Македонија за беспрекорната организација на Европското првенство на кое покрај Словенија и Црна Гора бевме домаќини.

Признанието за Централниот Организациски Комитет на РФМ, доделено на Претседателот на Федерацијата, Живко Мукаетов, го презентираше Генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслејтнер.

Признанието за локалниот организациски комитет во Скопје, доделено за напорната работа на волонтерите и на целокупниот персонал во градот, беше врачено од претставниците на ЕХФ, Габриела Хорват и Божидар Ѓурковиќ, на Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.

Индивидуални признанија за својот придонес во целокупниот организациски процес на Women’s EHF EURO 2022 во Скопје, високите претставници на ЕХФ им доделија на Јовица Крстаноски, Милан Тодевски, Никола Ѓоргиевски и на Камер Металари, ангажирани од Ракометната Федерација на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Капитенот Ристовски стрелец за Динамо Загреб 🎥

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Капитенот на репрезентацијата на Македонија,…