Дома Македонски спорт Македонија во вториот шешир во Ц дивизијата за новата сезона во Лигата на Нации

Македонија во вториот шешир во Ц дивизијата за новата сезона во Лигата на Нации

УЕФА ги објави шеширите за следната сезона во Лигата на Нации во која Македонија обезбеди настап во еден ранг погоре.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Уште после првата сеозна поради некои проблеми УЕФА направи реформи. Пред некое време беше објавено дека ќе биде проширена најсилната А-дивизија за сметка на последната Д-дивизија каде што во новата сезона ќе има само седум репрезентации.

Ние поради освојувањето на првото место во групата одиме еден ранг погоре, а бидејќи сме петта најдобра селекција во новата дивизија се најдовме во вториот шешир.

Со нас во вториот шешир се уште Косово, Белорусија и Кипар. Ова значи дека со ниту една од овие три селекции не можеме да се паднеме во групната фаза. Носителите на ждрепкатаќ е бидат Грција, Албанија, Црна Гора и Грузија. Во третиот и четвртиот шешир се сместени: Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург (трет), Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија (четврт).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Силекс против Динамо Минск ќе игра во Бугарија

Екипата Силекс ќе ги одмери силите со белорускиот шампион Динамо Минск во првото квалифика…