Дома Останати Кошарка Македонецот Рајковиќ промовиран во ЦСКА: Ова е награда за се што сум постигнал досега

Македонецот Рајковиќ промовиран во ЦСКА: Ова е награда за се што сум постигнал досега

Mакедонскиот стратег Емил Рајковиќ беше промовиран како нов тренер на осумкратниот европски шампион ЦСКА Москва.

Рајковиќ денес пред новинарите зборуваше за очекувањата во новиот тим, неговипт живот и тренерската кариера.

„Чест и одговорност е да се биде тренер на ЦСКА Москва. За мене е ова е награда за се што сум постигнал досега ов кариерата. Сакам да кажам дека сум среќен што сум тука, иако не играме во Евролигата, очекувам возбудувања во ВТБ-лигата. Верувам дека го имам потребното искуство да и помогнам на ЦСКА“.

Најави и како ќе игра ЦСКА под негово водство.

„Главната цел ќе ни биде да играме агресивно во одбраната и со брзи напади. Мислам дека ќе биде интересно за навивачите, а секако е најважно да биде корисно за клубот и да има резултати“, изјави Рајковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Официјално: Филип Антовски нов играч на Истра

Филип Антовски со цел да добие поголема минутажа ја напушти Австрија Виена и како позајмен…