Македонија вчера го победи Лихтентшајн со 0:2 во рамките од 5-тото коло во Лигата на Нации и така стигнавме на чекор од пласман во полуфиналето.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Еден од најзаслужните за нашата победа беше Енис Барди кој уште еднаш покажа за каков фудбалски мајстор се работи.
Нашиот репрезентативец кој важи за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари вчера со мајсторски удар од работ на шеснаестникот го скрши отпорот на противникот.
Оваа мајсторија на Барди беше забележана и од страна на реномираниот француски весник „Л’Eкип“.
„Директен гол од слободен удар на Барди за Македонија. Прекрасно“, напиша „Л’Екип“.
Coup franc direct de Bardhi pour la Macédoine. Superbe !
Le live : https://t.co/0PwB8z1wXx#lequipeFOOT #LIEMKD pic.twitter.com/wXJmEjOYQT
— L'ÉQUIPE (@lequipe) November 16, 2018