Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ последно коло: На кој што му треба денес?

ЛШ последно коло: На кој што му треба денес?

Вечерва се играат натпреварите од последното 6. коло во Лигата на шампионите во групите од Е до Х.

Само два тима кои влегуваат во вечерашните натпревари го имаат обезбедено пласманот во нокаут фазата во Лигата на шампионите, а тоа се Барселона и Лајпциг, додека во останатите групи ќе се води борба за пласман во вториот круг од најелитното европско натпреварување.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Група Е

Наполи – Генк (18:55)

Салзбург – Ливерпул (18:55)

Во групата во која на прв поглед требаше да биде формалност за бранителот на европскиот трон Ливерпул се најдоа во неочекувана ситуација до последното коло да немаат обезбеден пласман. На тимот на Клоп му е доволен и бод за една од првите две позиции, но против себе има тим кој на „Енфилд“ му даде три гола. Не смее да се зборави и дека Салзбург го има веројатно напаѓачот со најголем потенцијал во овој момент во Европа – Ерлинг Халанд.

На Ливерпул би му одговарал и пораз, но бидејќи на „Енфилд“ победи со 4:3, тој пораз ќе треба да биде пр: со 5:4 што не изгледа многу реално.

Група Ф

Интер – Барселона (21:00)

Борусија – Славија (21:00)

Барселона го обезбеди пласманот и поради тоа Валверде во Милано патува со комбиниран состав. Вечерва во комбинација за настап не се повредените: Семедо, Алба, Дембеле и Артур, додека Меси, Пике и Серхио Роберто добија одмор. Нема да брани и Тер Штеген, на клупата ќе бидат Ленгле и Бускетс, па составот на Барса кој се најавува би требало да изгледа вака: Нето – Жуниор Фирпо, Тодибо, Умтити, Вагуе – Де Јонг, Ракитиќ, Видал – Ансу, Суарез, Гризман.

Тоа е голема шанса а Интер кој со победа сигурно би се пласирал во топ 16. Ако се случи да изгубат и Борусија и Интер тогаш ќе поминат Италијанците. Меѓутоа Борусија игра со Славија и такво нешто тешко е да се очекува.

Група Г

Бенфика – Зенит (21:00)

Лион – Лајпциг (21:00)

Одличниот Лајпциг во минатото коло го обезбеди пласманот, а со бод против Лион сигурно ќе биде прв во групата што ќе значи подобра позиција пред ждребот. Зенит ќе помине понатаму ако победи во Лисабон, а Лион не го победи Лајпциг. Ако двете натпревари завршат нерешено, Зенит поради подобриот меѓусебен дуел ќе оди во следната фаза. Но, ако Лион, Зенит и Лајпциг завршат со 10 бода во осминафиналето ќе поминат Лион и Лајпциг бидејќи би биле подобри на мини-табелата од тие три тима.

Бенфика може да го освои третото место и да се пласира во Лигата Европа само со победа. Во случај на пораз на Лион од Лајпциг им одговара било каква победа, но ако Французите освојот барем бод потребно им е да го победат Зенит со најмалку два гола разлика.

Група Х

Ајакс – Валенсија (21:00)

Челзи – Лил (21:00)

Холанѓаните се сигурни со победа, а доволен им е бод ако Челзи не го победи Лил. Валенсија сигурно поминува со победа, ќе помине и ако вечерва заврши со ист број бодови како Челзи, поради подобриот меѓусебен дуел. Лил е отпаднат од секоја конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Во Леверкузен не се задоволни со историската титула во Бундеслигата – сакаат тројна круна!

Неколку часа откако Баер Леверкузен ја освои титулата во Бундеслигата за прв пат, тренерот…