Дома Останати Кошарка Лука Дончиќ нема да го гледаме на Олимписките игри

Лука Дончиќ нема да го гледаме на Олимписките игри

НБА ѕвездата од редовите на Далас, Лука Дончиќ нема да биде дел од летните Олимписки игри во

Париз откако Словенија денеска беше елиминирана во квалификацискиот турнир по убедливиот пораз од Грција во Атина со 68:96.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Победата Грците ја најавија уште во почетните минути кога поведоа со 13:0. Од таквиот почеток на натпреварот словенечките репрезентативци не успеаа да се опорават.

Грција беше предводена од Јанис Адетокумпо и Томас Волкап со по 19 поени. Дончиќ за Словенија постигна 21 поен, но исто така имаше и 10 изгубени топки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ во сенка на Дурант, Денвер ја прекина серијата на победи (Видео)

Тоа што стана тренд од почетокот на новата сезона, продолжи и синоќа – Денвер повтор…