Дома Фудбал Лукас Пакета вчера Италија ја потсети на Дејан Савичевиќ! (ВИДЕО)

Лукас Пакета вчера Италија ја потсети на Дејан Савичевиќ! (ВИДЕО)

Во Милан изгледа го одработија еден од подобрите преодни рокови во последните години.

Бразилецот Лукас Пакета и полскиот напаѓач Криштоф Пјонтек играат одлично.

Пакета оние постарите навивачи на Милан после вчерашниот натпревар против Рома го споредуваат со Дејан Савичевиќ.

Покрај Пјонтек кој ја смести топката во мрежата овој човек беше главен виновник за единствениот погодок на „росонерите“ на оваа средба. Пакета одлично се избори за топката центрираше и го пронајде полскиот напаѓач.

Постарите навивачи на Милан се сеќаваат на идентичен погодок на Милан против Рома. Тоа се случи на 17-ти септември 1996 година. Тогаш Савичевиќ беше асистент, а реализатор беше Жорж Веа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…