Дома Фудбал Луис Хамилтон и Серена Вилијамс стануваат акционери во Челзи?

Луис Хамилтон и Серена Вилијамс стануваат акционери во Челзи?

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, и славната тенисерка Серена Вилијамс ќе вложат десетици милиони фунти како помош за Мартин Брогтон да го купи фудбалскиот клуб Челзи, пренесува „Скај Спорт“.

Двајцата ќе инвестираат по 10 милиони фунти, а конзорциумот е предводен од поранешниот претседател на Ливерпул и Бритиш Ервејс, Мартин Брогтон.

Челзи е во сопственост на рускиот милијардер Роман Абрамович од 2003 година, но британската влада му го одзеде откако во февруари започна руската воена инвазија на Украина. 

Вредноста на клубот се проценува на 2,5 милијарди, а секој што сака да учествува во наддавањето за него мора да гарантира инвестиција од најмалку една милијарда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мора и Мален ја кренаа Рома: Каљари падна за две минути

Каљари израмни во 81. минута, но Мора и Мален експресно одговорија за победа на Рома од 4:…