Дома Фудбал Луис Енрике фаворит за тренерското столче во ПСЖ

Луис Енрике фаворит за тренерското столче во ПСЖ

Кристоф Галтие синоќа против Клермон за последен пат ја водеше екипата на Пари Сен Жермен, а „светците“ веќе ја почнаа потрагата по нов тренер.

Француските медиуми најавуваат дека најголеми шанси за преземање на екипата има поранешниот тренер на Барселона и шпански селектор, Луис Енрике.

ПСЖ веќе почнале преговори со Луис Енрике и се очекува во наредните денови Шпанецот официјално да биде промовиран во нов кормилар на тимот.

Претседателот Насер Ал-Келаифи смета дека Енрике има квалитет да им го донесе европскиот пехар на „Паркот на принцовите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Окафор го реши Тотенхем за 97 секунди, бура поради стартот на Богл

Лидс славеше со 1-0 и ја прекина серијата без победа, но мечот го одбележа и спорната одлу…