Дома Фудбал Луис Енрике се огласи за иднината на Мбапе

Луис Енрике се огласи за иднината на Мбапе

Во текот на вчерашниот ден силно одекна вест дека Килијан Мбапе ја соопштил својата одлука за заминување од Париз на сопствениците на ПСЖ.

По таквите информации очекувано беше денес и Луис Енрике на прес-конференцијата пред натпреварот за викендот да добие прашање за Мбапе.

„Немам било каква информација да ви кажам додека двете страни не излезат во јавност и објават се. Кога актерите ќе зборуваат на таа тема, тогаш ќе го кажам своето мислење. Сепак, како и секогаш што и да се случува клубот е над секого“, изјави Луис Енрике.

Килијан Мбапе веќе неколку години се поврзува со Реал Мадрид и ова лето изгледа дека конечно ќе биде моментот кога тој трансфер ќе се реализира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мектоминај и Адамс ја засилуваат Шкотска пред дуелот со Македонија

Шкотска ќе ги има Скот Мектоминај и Че Адамс за ноемврискиот дуел со Македонија. Македонск…