Тренерот на Пари Сент Жермен, Луис Енрике, по синоќешната победата над Џирона го спореди напаѓачот Бредли Баркола со Килијан Мбапе.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако ПСЖ го загуби Килијан Мбапе кој замина во Реал Мадрид, Луис Енрике останува оптимист за иднината на тимот и изрази уверување дека екипата ќе биде посилна.
„Мислам дека сме посилни од минатата сезона. Го имаме Осман Дембеле кој влезе во втората година од престојот во ПСЖ и од него навистина очекуваме многу, затоа што е неверојатен талент кој во секој момент е подготвен да ги надмудри ривалите со топката во нозете“, изјави Луис Енрике.
На прашањето дали Бредли Баркола, кој сега игра на позицијата на Килијан Мбапе, Енрике одговори:
„Многу сум задоволен од играта на сите мои играчи, кои се борат до крај. Баркола е супер. Пред две недели и вие го пофаливте. Тој не се смени. Млад е, има многу силни квалитети и сака да напредува. Се грижам само за сегашноста, минатото веќе не ме интересира“.