Дома Останати Тенис Лудост: Ѓоковиќ во Монте Карло може да игра ама само – до полуфиналето!?

Лудост: Ѓоковиќ во Монте Карло може да игра ама само – до полуфиналето!?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е жител на Монако, па би можел слободно да се шета низ градот и да игра на турнирот во Монте Карло, кој е закажан од 9 до 17 април, но апсурдно е тоа што би можел да настапува само до полуфиналето.

Во Монако важат правилата на француската Влада, а до пред некој ден Ѓоковиќ имаше дозвола поради прележан ковид-19 во декември  да игра на турнирот, но ситуацијата се искомплицира.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Владата на Франција реши да го намали рокот на траење на пропусниците од шест на само четири месеци, па така позитивниот тест на Ѓоковиќ од 16 декември не би можел да важи ако тој се пласира во полуфинале.

Засега не е познато како би се решил овој проблем, ако Србинот настапи на турнирот и стигне до полуфинале, па останува да видиме што ќе се случува во Монте Карло за два месеци од сега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ е пред тешка одлука – време нема многу!

Новак Ѓоковиќ се мачи оваа сезона и не игра на нивото од претходната, па затоа и се уште е…