Дома Топ вести „Лудница“ во последниот ден од преодниот рок: Депај, Кавани, Коста, Киеза…

„Лудница“ во последниот ден од преодниот рок: Депај, Кавани, Коста, Киеза…


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Денес на полноќ завршува преодниот рок, ова лето поради пандемијата од коронавирусот трансфер пазарот беше нешто поинаков не видовме толку големи трансфери, меѓутоа последниот ден треба да биде и тоа како интересен.

Во последните часови од преодниот рок клубовите треба да ги променат неколку големи имиња.

Барселона ќе се бори да го доведе Мемфис Депај, се чека договор помеѓу клубовите за Депај да се пресели во Каталнија.

„Депај има договор со Барселона, не го кријам тоа. Можно е Мемфис да потпише со Барселона утре (денес), но тоа не е сигурно, веројатно ќе замине“, изјави спортскиот директор на Лион, Жунињо вчера вечер по натпреварот на Лион.

Покрај Депај, Баерн денес се очекува да го претстави Даглас Коста кој се враќа во клубот, додека Јувентус на местото на Коста ќе го доведе Киеза од Фиорентина. Големо име се очекува и во Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани е договорен и во секој момент оваа зделка би можела да биде потврдена, освен него во Јунајтед треба да пристигне и Алекс Телеш од Порто. Исто така Баерн Минхен би можел покрај Коста да го врати и Марио Геце

Дали се клубовите ќе завршат на време и дали ќе има некое изненадување ќе знаеме во текот на денешниот ден. Чекаме…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ФИФА потврди: Никогаш претходно во јануари не се трошело како сега!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Фудбалските клубови …