Дома Фудбал Лудница во Италија: Падна уште еден отказ во Серија А

Лудница во Италија: Падна уште еден отказ во Серија А

Клубовите во Италија очигледно одлучија дека денес е вистинскиот ден за промена на тренерите!

Милан утрово објави дека Винченцо Монтела повеќе не е тренер на „росонерите“, а на кормилото ќе седне клупската легенда Џенаро Гатузо.

Набрзо после тоа се огласи и Сасуоло кој му врачи отказ на тренерот Кристиан Буки. Челните луѓе на Сасуоло се одлучија за овој потег после серијата на лоши резултати, а чашата ја прелеа домашниот пораз од Верона, директниот конкурент во борбара за опстанок.

Буки во Сасуоло пристигна на почетокот на сезоната како заменик за Ди Франческо, а италијанските медиуми пренесуваат дека најсериозен кандадат за празното столче е Беше Јакини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…