Дома Топ вести Луда клазула: ПСЖ обезбеди опстанок и официјално ја активираше клазулата на вториот најскап фудбалер во историјата!

Луда клазула: ПСЖ обезбеди опстанок и официјално ја активираше клазулата на вториот најскап фудбалер во историјата!

psg

Парижаните со победата над Стразбур и математички го обезбедија опстанок, иако ова звучи глупаво и неважно, сепак и тоа како е важно бидејќи вечерва се активираше вториот најскап трансфер во историјата.

ПСЖ со резултат 5:2 славеше против Стразбур во 26 коло во Лига 1 и со тоа и математички го обезбеди опстанок во Лига 1 за наредната сезона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со оглед на тоа дека „светците“ се апсолутно доминантни во домашното првенство, овој податок како што кажавме звучи глупаво и неважно, но со ова стапи на сила и клазулата во договорот за позајмица на Килијан Мбапе.

Имено, во договорот со Монако за позајмица на Килијан Мбапе стоеше клазула според која ПСЖ треба да му плати 180 милиони евра на Монако и во целост да го откупи младиот француски репрезентативец.

Она што не беше познато е дека клубот од Париз морал да остане во елитниот ранг за таквиот договор да стапи на сила, во спротивно Мбапе би морал да се врати на „Луј втори“ во Монако.

Значи, денес и официјално се активираше клазулата и беше исполнет последниот услов за ПСЖ на Монако до крајот на јуни да му исплати 180 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…