Дома Фудбал Англија Лоши вести и за Лидс и за нас: Се повреди Алиоски! (ФОТО)

Лоши вести и за Лидс и за нас: Се повреди Алиоски! (ФОТО)

Лоши вести пристигнуваат од Англија за македонската репрезентација и селекторот Игор Ангеловски.

Лидс се соочи со голем хендикеп уште во 12-тата минута во натпреварот против Брентфорд, се повреди Егзијан Алиоски. Ова е и тоа како тежок удар за Лидс кој се бори за директен влез во Премиер лигата наредната сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повредата на Алиоски може да биде проблем и за репрезентацијата на Македонија бидејќи за нешто повеќе од еден месец ќе ги играме можеби најважните натпревари во групата од квалификациите за Европското првенство против Полска и Австрија.

Оваа сезона Алиоски беше стартер на сите 43 натпревари за Лидс во второто по ранг натпреварување во Англија, а денес после 12 минути беше приморан да го напушти теренот.

 

Првичните информации за неговата повреда не се добри и говорат дека за него сезоната е завршена. Сепак, се чекаат деталните прегледи после што работите ќе бидат појасни.

Доколку повредата на Алиоски е сериозна причина може да биде заморот, а ќе биде вистинска трка со времето за максимално да се опорави и спреми за натпреварите против Полска и Австрија кои во јуни ќе ги играме во Скопје.

Ние се надеваме на добри вести и брзо враќање на македонскиот репрезентативец на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…