Германскиот играч од средниот ред Сами Кедира повторно претрпе тешка повреда на коленото поради која ќе отсуствува од теренот неколку месеци.
Кедира оваа сезона започна да игра во Јувентус откако Сари го врати во тимот. Меѓутоа, германскиот играч доживеа тешка повреда на натпреварот против Сасуоло.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој натпревар заврши со резултат 2:2, а работите да бидат уште полоши за Јувентус се повреди Сами Кедира. Италијанскиот клуб соопшти дека Кедира мора да оди на операција на коленото и ќе биде надвор од теренот три месеци.
Сари му даваше голема доверба на Кедира во досегашниот дел од сезоната и од 18 одиграни натпревари на 13 беше во почетниот состав.
Со повредата на Кедира сега се отвора вратата за Емре Џан, кој веќе некое време не е задоволен од минутажата во Јувентус. Сега ќе има повеќе простор за играње и можност да се докаже пред Сари.