Дома Фудбал Лига на шампиони Лоши вести за Црвена Звезда пред почетокот на Лигата на Шампионите

Лоши вести за Црвена Звезда пред почетокот на Лигата на Шампионите

1

Екипата на Црвена Звезда може да добие казна пред почетокот на Лигата на Шампионите.

Потсетуваме, белградскиот тим се пласираше втора година по ред во групната фаза од најелитното европско натпреварување, но првиот натпревар би можеле да го играат пред празни трибини. УЕФА покрена дисциплинска постапка против екипата од „Маракана“ и тоа по пет точки кои се однесуваат на:

  • активирање пиротехника
  • фрлање предмети на терен
  • нереди на навивачите
  • недолично однесување на играчите
  • блокирање на скалите на стадионот

Звезда е во група со Олимпијакос, Баерн Минхен и Тотенхем, а првиот натпревар го игра на „Маракана“ против грчката екипа. Токму во тој натпревар би можела да биде оставена без навивачи доколку УЕФА донесе таква одлука. Казната треба да ја дознаат на 19. септември, а во клубот се надеваат дека таа ќе биде само парична.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Слободни удари: Меси па – Коларов!

Александар Коларов дефинитивно е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот…