По мечот со Калјари, Јувентус ги потврди лошите вести, врзани за повредата на Пауло Дибала која е посериозна се чини.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако со насолзени очи го напушти теренот, лекарските прегледи покажаа дека Дибала заработил истегнување на мускулот.
Тој ќе мора да замине на пауза од минимум 40тина дена, а со тоа ќе пропушти и неколку натпревари. Во тој период Јувентус има закажани средби со Фиорентина и Торино, како и мечот со Аталанта во рамки на полуфиналето од Купот на Италија.