Дома Фудбал Лоши вести за Германија, ѕвездата на Барса го пропушта ЕП

Лоши вести за Германија, ѕвездата на Барса го пропушта ЕП

Марк Андре тер Штеген ќе го пропушти последниот натпревар за Барселона, а притоа ќе го пропушти и Европското првенство.

Германскиот голман ја потврди информацијата на социјалните мрежи и откри дека има повреда на десното колено, па мора да оди на операција.

Јасно е дека Тер Штеген и Ноер не се во најдобри односи и можеби на овој начин голманот на Барса сакаше да се повлечи.

Германските медиуми пренесуваат дека операцијата можела да биде одложена, но Тер Штеген сам донел таква одлука.

Ова е најдобар момент да оди на операција за да биде целосно подготвен за стартот на наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…