Дома Фудбал Лотито ја одреди цената на Милинковиќ-Савиќ и ги шокира сите

Лотито ја одреди цената на Милинковиќ-Савиќ и ги шокира сите

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ја постави цената на Сергеј Милинковиќ-Савиќ и ги шокира заинтересираните клубови.

Имено, Лотито за слободата на својата ѕвезда бара 120 милиони евра. Србинот и оваа сезона игра фантастично и веќе има 7 асистенции и 4 гола.

„Немам договор со агентот на Сергеј да го продадеме играчот во зимскиот преоден рок. Во моментов Милинковиќ-Савиќ чини 120 милиони евра, неговата цена расте секој месец“, изјави Лотито.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус и ПСЖ се силно заинтересирани за Србинот и сакаат да го доведат во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Детурбе со гол и асистенција: Монако го совлада Нордсјеланд со 2-0

Монако славеше во Конференциската лига со головите на Детурбе и резервистот Аблин, кој го …