Дома Фудбал Италија Лотито: Кога дојдов Лацио беше пред банкрот, денес вреди 600 милиони евра

Лотито: Кога дојдов Лацио беше пред банкрот, денес вреди 600 милиони евра

Сегашниот прв човек на Лацио, Клаудио Лотито откри како во 2004 година го спасил клубот од Рим кој во тоа време бил пред банкрот.

Кон крајот на ерата на Серџо Крањоти, Лацио се наоѓал пред банкрот, но тогаш во 2004 година се појавил Лотито кој го купил клубот и од него изградил тим ставилен италијански прволигаш. Лацио оваа сезона игра одлично и е на третата позиција со само три бода заостанување зад Јувентус и Интер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога одлучив да влезам во клубот Лацио имаше долг од огромни 550 милиони евра. Целиот товар го превземав јас и во тоа време многумина ме сметаа за луд. Но, за мене тоа беше предизвик во кој верував дека ќе успеам“.

„Материјално не инвестирав ништо, туку само мојот мозок и труд. Треба да разбереме дека клубот е јавно претрпијатие кое котира на берзата. Сега стоиме добро, минатата година остваривме профит од 24 милиони евра. Лацио денес е клуб со имот од 200 милиони евра и вредност од 600 милиони евра“, изјави Лотито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…