Дома Фудбал Лотар Матеус: Верувам во еден тренер кој би можел да го води Баерн. Неговото име кажува се

Лотар Матеус: Верувам во еден тренер кој би можел да го води Баерн. Неговото име кажува се

Поранешниот германски фудбалер Лотар Матеус вели дека шефот на стручниот штаб на Штутгарт, Себастијан Хенес треба да биде новиот тренер на Баерн Минхен од следната сезона.

Баерн минатата недела објави дека тренерот Томас Тухел ќе го напушти клубот од Минхен по крајот на оваа сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некои медиуми објавија дека славниот германски клуб би можеле да го преземат Жозе Мурињо, Зинедин Зидан или Чаби Алонсо, овој последниот моментно е тренер на Баер Леверкузен.

Матеус изјави дека Алонсо во моментов не е заинтересиран да го преземе Баерн, додека Зидан не ја познава Бундеслигата. Тој смета дека Себастијан Хенес е идеалниот кандидат за тренер на клубот од Минхен.

Хенес е тренер кој би можел да го тренира Баерн. Тој треба да ја добие поддршката од клубот, а неговото име зборува само за себе. Хенес го има генот на Баерн, тој направи добра работа со вториот тим на овој клуб. Без разлика на фактот дека не постигна големи резултати. Сè што прави во Штутгарт е добро и со овој тим е на пат да се пласира во Лигата на шампионите – напиша Матеус во колумна за „Скај Спортс Германија“.

Хенес (41) во кариерата настапуваше за Херта и Хофенхајм. Тој беше тренер на младинските тимови на Лајпциг и Баерн, а го водеше вториот тим на клубот од Минхен од 2019 до 2020 година.

Хенес тогаш беше тренер на Хофенхајм, а Штутгарт го презеде во април 2023 година. Тој е син на поранешниот фудбалер на Баерн, Дитер Хенес. Штутгарт е на третото место на табелата во Бундеслигата со 47 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…