Дома Фудбал Англија Лорис во Тотенхем до 2024 година!

Лорис во Тотенхем до 2024 година!

Францускиот голман, Уго Лорис стави крај на сите шпекулации и ја продолжи верноста со Тотенхем до 2024 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претходниот договор на Лорис истекуваше летово, тој можеше слободно да преговара со други клубови, но 35-годишниот голман реши да остане во Тотенхем.

Французинот пристигна во Тотенхем во 2012 година, веќе извесно време е капитен на „спарси“ и се етаблираше во вистинска легенда на лондонскиот клуб.

Лорис се уште не успеал да  освои трофеј со Тотенхем, а најблиску беше секако во 2019 година кога загуби во финалето од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Контроверзна изјава на Раде Богдановиќ на ТВ, го обвинуваат за расизам (Видео)

Аналитичарот и поранешен фудбалер Раде Богдановиќ, во живо на емисијата на РТС посветена н…