Дома Фудбал Останато Ловрен ја криткуваше ФИФА поради Салах: Треба ли да има европски пасош!?

Ловрен ја криткуваше ФИФА поради Салах: Треба ли да има европски пасош!?

Вчера во Цирих се одржа церемонијата на која ФИФА ги избираше најдобрите за 2021 година.

За најдобар во светот беше избран Роберт Левандовски кој зад себе има одлична година во Баерн. Левандовски успеа да ги победи Салах и Меси кои му беа конкуренција и освоија помалку гласови од него.

Исто така ФИФА го избираше и најдобриот тим во 2021 година и изборот предизвика многу реакции. Тимот бешеи збран во формација 3-3-4 и имавме дури четворица напаѓачи, но меѓу нив немаше место за Салах.

Многумина беа изненадени што Салах не се најде во идеалниот тим, а критики испрати и Дејан Ловрен.

„Нема место за Салах во тимот на годината на ФИФА??? Повторно! Луѓето кои разбираат фудбал знаат дека тој заслужува да биде во него. Што треба да направи уште да биде дел од тој тим? Можеби да има европски пасош?“. порача Ловрен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Париз потфрлила и полицијата: Полицаец прска со солзавец навивачи кои имаат билети 🎥

Потфрлија Французите во организацијата на финалето во Лигата на шампионите и тоа е јасно. …