Дома Трансфер зона Лион потврди: Најголемата ѕвезда е на продажба!

Лион потврди: Најголемата ѕвезда е на продажба!

0

Претседателот на Лион, Жан Мижел Ола потврди дека играчот за врска, Танги Ндомбеле офцијално побарал трансфер.

22-годишниот играч за врска имаше фантастична сезона и го привече вниманието на многу европски гиганти.

Интерес за него покажуваат ПСЖ, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а сега Лион потврди дека очекува понуди за својата ѕвезда.

„Ндомбеле сака нов предизвик. Се уште немаме договор со ниту еден клуб, но играчот сака да си оди и вратата е отворена. Очекуваме понуди од заинтересираните клубови“, потврди Ола.

Цената на Ндомбеле во моментов изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра, за најсериозен кандидат за неговиот потпис е Тотенхем.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната првата трансфер желба на Мурињо во Тотенхем

Жозе Мурињо денес и официјално беше промовиран во нов менаџер на Тотенхем каде потпиша дог…