Дома Фудбал Лига на шампиони Лион не можеше да добие поголемо засилување пред дуелот со Јувентус!

Лион не можеше да добие поголемо засилување пред дуелот со Јувентус!

Јувентус во петокот во Торино ќе го брани 1:0 во реванш натпреварот од осминафиналето во ЛШ.

Лион има одличен резултат и еден погодок во мрежата на италијанскиот првак ќе ги донесе до чекор од четвртфинале во Португалија.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Нормално, нема да биде лесно против силниот Јувентус, а проблем за екипата на Лион ќе претставува што долго време е надвор од натпреварувачки ритам со оглед на тоа дека сезоната во Франција беше прекината поради коронавирусот.

Сепак, долгата пауза донесе и една позитивна вест за Лион.

Имено, ѕвездата на тимот Мемфис Депај успеа да се опорави од тешката повреда на коленото и официјално тој ќе биде подготвен за реваншот против Јуве.

Натпреварот Јувентус – Лион се игра во петок од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона донела одлука за Рашфорд?

Мaркус Рашфорд (28) со својата игра за Барселона ја оправда довербата што му ја даде Барсе…