Aктуелниот европски шампион, Реал Мадрид вчера доживеа неочекуван пораз од Лил во второто коло од Лигата на шампионите.
Лил одигра одличен натпревар во кој во најголем дел од натпреварот беше подобар противник на теренот, а секако најважни се трите бода и си ги зголеми шансите за нокаут фазата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За францускиот тим ова беше прва победа во овогодинешното издание од елитното евроспко натпреварување откако претходно беа поразени од Спортинг со 0:2.
Со оваа победа Лил стави крај и на долгата серија беза пораз на „кралевите“ која траеше 36 натпревари. Последен кој го победи Реал пред вчерашниот натпревар беше Атлетико на 18-ти јануари 2024 година во Купот на Шпанија. Тогаш „јорганџиите“ славеа по продолженија.
За Реал сепак продолжува низата во домашното првенство каде што нема пораз на 40 натпревари во низа.