Дома Фудбал Англија Лидс се пофали: Манчестер Сити играше против 29 тимови и не победи само еден

Лидс се пофали: Манчестер Сити играше против 29 тимови и не победи само еден

Maнчестер Сити го обезбеди своето прво финале во Лигата на шампионите.

Вчера „граѓаните“ беа подобри од ПСЖ и така дојдоа до ситуација да се борат за трофејот во елитното натпреварување на 29. мај.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


После триумфот на Сити со реакција се јави тимот на македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски. Лидс се пофали дека тие се единствениот кој не бил победен од Сити. Не само што не беа победени, Лидс и славеше во последниот нивни натпревар. Во тој натпревар Алиоски запиша одлична асистенција во финишот од натпреварот.

„Манчестер сити играше против 29 екипи сезонава… и не успеа да победи само еден тим во тој период. Да се победи Сити не е за сите“, се пофали Лидс на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Обвинителство да се зафати со забавата на Ламин Јамал

Министерството за социјална политика во Шпанија побара истрага од обвинителството, омбудсм…