Дома Фудбал Останато Лига Европа: Алиоски против Тричковски, Манчестер Јунајтед против Сосиедад

Лига Европа: Алиоски против Тричковски, Манчестер Јунајтед против Сосиедад

Попладнево се одржа ждребот за второто по ранг натпреварување, Лига Европа.

Двата најголеми фаворити во ова натпреварување секако се Манчестер Јунајтед и Арсенал.

„Црвените ѓаволи“ ќе играат во група со Реал Сосиедад, Шериф и Омонија, додека Арсенал за противници ги доби ПСВ, Бодо и Цирих.

Интересна за нас е Групата Б, каде ќе се сретнат Фенербахче и АЕК Ларнака, па ќе гледаме дуел помеѓу Езгјан Алиоски и Иван Тричковски. 

Само победниците на групите се пласираат дирекно во 1/8 финале, додека второпласираните ќе играат квалификациски дуел за пласман во осминафиналето.

Лига Европа оваа сезона започнува на 8 септември, групната фаза ќе се игра до 3 ноември, а финалето е во Будимпешта на 31 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фернандеш: Конфликтот меѓу Роналдо и Жезус не смее да ја подели Португалија

Бруно Фернандеш повикува на единство во португалската репрезентација по конфликтот меѓу Кр…