Дома Фудбал Англија Ливерпул шест недели без Матип

Ливерпул шест недели без Матип

Ливерпул ќе биде без дефанзивецот Жоел Матип во наредните шест недели, соопштија англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Матип има проблем со коленото, што се покажа поголем од очекуваното. Тој во последните пет меча играше само во дербито со Манчестер Јунајтед, но сега повторно ќе мора да се рехабилитира.

Матип дури беше дел и од последниот тренинг на „црвените“, но после тоа почуствувал болка во коленото, па последните инфомации се дека ќе отсуствува цели шест недели.

Тоа значи дека дефанзивецот ќе пропушти цели 10 меча, вклучително и дербито со Манчестер Сити, како и сите останати дуели од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Феран Торес заминува поради Адејеми во… најсилниот тим во Европа!

Напаѓачот на Барселона и шпанската репрезентација, Феран Торес, можеби многу лесно ќе ја п…