Дома Трансфер зона Ливерпул тргнува по Адама Траоре

Ливерпул тргнува по Адама Траоре

Ливерпул е силно заинтересиран за шпанскиот репрезентативец, Адама Траоре, пренесуваат медиумите на Островот.

25-годишниот Траоре е продукт на школата на Барселона, а покажува одлични партии во дресот на Вулверхемптон и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Траоре не е задоволен од тоа како се одвиваат работите во неговиот клуб, па е спремен наскоро да ја промени средината.

Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со „волците“, а медиумите тврдат дека трансферот може да биде договорен за 25 милиони фунти.

„Црвените“ имаат одлични односи со Вулверхемптон и минатата година го договорија трансферот на Диого Жота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…